ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА

Што е декарбонизација на мотор?

Револуционерна метода за целосно прочистување на внатрешноста на моторот која го отстранува гарежот од моторот и издувниот систем на секаков тип возила. Без да има потреба од комплетно отварање на моторот, за само 30 минути отстранува наслаги од гареж на вентили, цилиндри, дизни, свекици, клипови, EGR вентил, катализатор и DPF филтер.

ЕФЕКТИ

Кои се ефектите од декарбонизација?

  • Враќање на перформансите на моторот – подобрена снага и обртажа
  • Отстранување на црн чад и гареж до 96%
  • Помирна работа на моторот
  • Намалена потрошувачка на гориво
  • Превенција од поголеми и поскапи дефекти
  • Продолжен век на траење на моторот

НАМЕНА

Кои возила можe да се декарбонизираат?

Декарбонизација се прави на секаков тип возила:

  • бензин
  • дизел
  • плин

Мотоцикли, автомобили, комби, камиони, автобуси и секаков тип на возила со мотор со внатрешно согорување.